Актуелно 11.08.2018 12:35

Жител од Здуње не дал да се омажи сестрата, па му се заканиле дека ќе го убијат

Жител од Здуње не дал да се омажи сестрата, па му се заканиле дека ќе го убијат

Закана со пиштол добил  А.М. од Здуње бидејќи не ја дал сестрата да се омажи за Н.Е. од Врапчиште, Тетовско.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 21.00 часот во Полициската станица Гостивар, А.М. (28) од село Здуње, Гостиварско, пријавил дека околу 19.30 часот пред неговата куќа дошол Н.Е. од село Врапчиште, Тетовско, кој ја побарал за сопруга неговата сестра. Откако А.М. не дозволил, Н.Е. извадил пиштол и му се заканил дека ќе го убие, по што заминал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

 

Најнови вести