И секој викенд една иста приказна. Зоолошката градина полна со посетители. Новите животни и новите живеалишта, се причина таа да биде полна, од најмали до најстари.
Зоолошката градина во Скопје деновиве доби нови жители, односно се родија три бебиња лемури.
Полот на бебињата е се уште непознат, бидејќи цврсто спијат во прегратките на мајките, велат од Зоолошката градина.
Зоолошката постојано се збогатува со нови животни, а и се доградуваат нови живеалишта.
Оваа не се први бебиња во зоолошката градина, а веројатно ќе има и многу други принови. Зоолошката градина во Скопје е основана во 1926 година. Располага со 495 животни од 96 вида, и тоа цицачи, птици и влечуги. Зоолошката е отворена секој работен ден, од 9 до 18 часот.