Откако триесетина професори, академици и ителектуалци упатија повик јавноста да застане зад кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за претседател на Република Македонија, поддршка стигнува од сите страна.
Позитивни коментари за кандидатура на Силјановска Давкова има и на социјалните мрежи.
Инаку, универзитетската професорка се уште размислува дали да се кандидира на претстојните претседателски избори. Вели дека силно ја допрел повикот, но мора да размисли за тоа дали ќе се вклучи во претседателската трка, бидејќи до сега не се гледала себеси на оваа позиција.