Парите можеби не се главен услов за среќа, но се услов за добар и квалитетен живот. Тие ни овозможуваат сигурност, доколку знаеме правилно да управуваме со нив.
1. Трошете помалку отколку што заработувате
Ова е прво и основно правило што треба да се почитува доколку сакате да станете господар на Вашите финансии. Не се задолжувајте за да купите поскапи чевли, чанта или одмор на подалечна дестинација. Задолжете се само кога планирате да купите големи и значајни работи во животот, како стан, мебел и автомобил.
2. Одржувајте ги фиксните трошоци на ниско ниво
Фиксни трошоци се оние кои се повторуваат на редовна, најчесто месечна основа. Вообичаено имаат фиксен износ. Пример за такви трошоци се трошоци за кирија, трошоци за телефон, интернет, гориво, паркинг и слично. Кога ќе се соберат сите овие трошоци заедно, ќе увидиме дека се работи за износ кој воопшто не е за занемарување и зазема значаен дел од нашиот месечен доход. Токму поради тоа вреди да се потрудиме фиксните трошоци да ги сведеме на што пониско ниво. Затоа, наредниот пат кога ќе бирате тарифа за Вашиот мобилен телефон или пак ќе преговарате за износот на месечната кирија, внимателно размислете
3. Направете си ваш личен буџет – водете сметка за вашите трошоци
Можеби на прв поглед ќе ви изгледа како напорна и сложена активност, но реалноста е сосема поинаква. Не ни требаат скапи компјутерски програми. Доволна е само едноставна табела во ексел во која ќе ги запишувате вашите трошоци. Пробајте! По неколку месеци, ќе имате солиден материјал за анализа кој ќе ви покаже каде има можност да заштедите!
4. Бидете претпазливи со комплексни инвестициони шеми
Секогаш бидете внимателни кога Ви нудат комплексни шеми за брза и голема заработувачка, кои е мошне тешко да се разберат. Најчесто се работи за измами и на крајот не само што нема да заработите, туку може и да ги изгубите парите кои толку долго сте ги штеделе.
5. Почнете со штедење рано и штедете често
Колку порано почнете да штедите – толку подобро! Почнете да штедите уште како студент од Вашата месечна стипендија. Што порано ја стекнете оваа навика, толку полесно ќе Ви биде да продолжите да ја применувате кога ќе почнете да заработувате поголеми износи откако ќе се вработите.