Финансии 13.08.2018 21:08

Биткоинот формира повеќе од 50% од криптопазарот за прв пат оваа година

Биткоинот формира повеќе од 50% од криптопазарот за прв пат оваа година

Биткоинот формира повеќе од 50% од криптопазарот за прв пат оваа година

За последен пат тоа се случи на крајот на декември 2017-та година, кога виртуелната валута поскапе рекордно до цена од речиси 20.000 долари.

Преминувањето на границата од 50% се случи викендов, а во времето на подготовка на материјалот биткоинот зазема 51.2% од вкупната пазарна капитализација на криптопазарот кој изнесува 218 милијарди долари.

За споредба, пазарната капитализација на биткоинот достигнува 111.8 милијарди долари, според податоците на „CoinMarketCap“.

 

Статистиката покажува дека доминацијата на биткоинот полека но сигурно се подига во последните неколку месеци, како во однос на први мај оваа година забележан раст од околу 15%. Во исто време, доминацијата на пазарот на сите други криптовалути се намалува.

Едно од можните објаснувања за раст на биткоин доминацијата на криптопазарот се финансиските катаклизми ширум светот – од Венецуела до Турција, кои провоцираат многу инвеститори да бараат нерегулирани алтернативи на девизните пазари, сметаат експертите.

Биткоинот денеска се тргува по цена од 6.485 долари.

Најнови вести