Употребата на мобилни уреди за плаќање на стоки и услуги во продавниците ќе биде главниот двигател на растот на финансиските услуги меѓу луѓето на пазарите во развој, кои немаат банкарски сметки, покажува извештај на „Juniper Research“. Според прогнозата, бројот на мобилни плаќања извршени од корисници кои не се клиенти на
банките, ќе се зголеми од 1,8 милијарди во 2018 година на 3,8 милијарди до 2023 година. Во монетарна смисла, се очекува зголемување од 9,7 на 22 милијарди долари за истиот период.
Во земји со ниски примања многу луѓе не отвораат банкарски сметки, но зголемената популарност на смартфоните придонесува за појавата на електронски портфолија (новчаници),
кои овозможуваат брзо плаќање без провизија. Така на пример, во Кенија услугата „Lipa Na MPesa“, популаризирана од локалниот телеком оператор Сафариком, е широко популарна – повеќе од 100.000 претприемачи се поврзани со овој систем.