Банкарство 04.03.2019 13:01

Комерцијална банка ќе подели дивиденда од 420 денари бруто по акција

Комерцијална банка ќе подели дивиденда од 420 денари бруто по акција

Комерцијална банка АД Скопје, како резултат од работењето во 2018 година, оствари добивка по оданочување во износ од 1.780.292.168 денари.

Се предлага, од вкупната добивка, 957.208.140 денари да се распредели на имателите на обични акции, 500.000.000 денари во резерви и 323.084.028 денари за задржана добивка.

Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2018 година, донесена од Надзорниот одбор на
Банката на 27.02.2019 година, изнесува 420,00 денари бруто за 1 обична акција.