Актуелно 20.08.2018 15:51

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска одвојува 1 милион евра за капитулантскиот договор, а војниците немаат униформи и превоз

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска одвојува 1 милион евра за капитулантскиот договор, а војниците немаат униформи и превоз

Армијата се соочува со најлошите услови за работа од нејзиното основање. Војниците од 30-тина населени места во државата три недели немаат платен  превоз, работата во стари униформи и недостаток на храна, но Шекеринска од Буџетот за Армијата одвојува 1 милион евра референдумска кампања, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека е срамно е да одвојуваш 1 милион евра за референдум, а да оставаш над 8.000 војници без униформи и чизми.

-Шекеринска пред само две недели го поништи тендерот во висина од 750 илјади  евра за набавка на нови униформи и ги остави војниците со стари униформи. Целосна неодговорност е да одвојуваш 1 милион евра за референдумска кампања во услови кога 1 милион евра чини 4 месечен платен превоз на сите релации на  АРМ  со кој се превезуваат над 8.000 војници. Неодговорно е да одвојуваш 1 милион евра  кога Армијата има недостаток на толку многу работи. Граѓаните треба да знаат дека Шекеринска одвојува 1 милион евра за разубавување на капитуланскиот договор, во услови кога за обука на целата армија со над 8.000 припадници, министерството годишно троши 1 милион евра, наведуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека за изградба и реконструкција на објекти на Министерството за одбрана за цела година одвојува само 620 илјади евра.

-750 илјади евра Шекеринска одвојува за тековни одржувања на објекти и инфраструктура на цела АРМ за цела година, а 1 милион евра за референдумската кампања. Шекеринска е целосно неодговорна и расипнички се однесува со парите на  Министреството за одбрана. Со Шекеринска на чело војниците мака мачат и страдаат, додека таа се луксузира. Ова мора да запре, Шекеринска е неспособна да го води Министерството за одбрана. СДСМ мора да си оди, се вели во партиското соопштение.

Најнови вести