Согласно потишаната спогодба за преговори, раководството на САСА го достави до синдикатот предлогот за зголемување на платата на вработените и натамошно унапредување на условите за работа во компанијата, што соодветствува со барањата на синдикатот.
Раководството на САСА предлага генерално зголемување на платите на сите вработени во компанијата кое ќе се реализира оваа и наредните две години. Конкретно, раководството на САСА нуди сите вработени во компанијата, почнувајќи од 1. март 2018-та година, да добијат зголемување на месечната плата за 5.500 денари. Дополнително, платата на сите вработени ќе биде зголемена и за дополнителни 5% во 2019-та и уште толку во 2020 година.
Со ова покачување, платите во рудникот САСА ќе го надминат прагот од 40.000 денари, односно ќе бидат за 27% повиски од просечните плати во рударската индустрија во земјава, согласно официјалните податоци за исплатената просечната плата во рударството во јануари 2018-та година, објавени од страна на Државниот завод за статистика.
Во доставениот предлог до синдикатот, раководството на САСА најави и дополнителни вложувања во осовременување на системот за организиран бесплатен превоз на вработените, како и во системот за исхрана. Иако со закон компанијата не е обврзана да нуди бесплатна исхрана и превоз за вработените, раководството на САСА ќе продолжи да го обезбедува тоа за сите вработени во компанијата, при што ќе се вложат над 250.000 евра во реновирање на фабричката кујна и кантина и во подобрување на автобускиот превоз за вработните.