Во странство сезонците можат да заработат и по неколку илјади евра месечно.
Заработката варира, а спасувач во Црна Гора може да заработи 400 евра, додека толку е заработката и на берач на салати во Германија.
По сајтовите може да се види дека сезонци се бараат, и тоа готвачи, келнери, помошни работници, берачи и слично.
Генерално работодавците обезбедуваат плата, сместување, храна и билет во еден правец.
За одржување апартмани во Црна Гора се нудат 300 евра, а се бараат жени постари од 30 години.
Агенциите кои посредуваат за работа обично земаат 30 проценти од првата плата.
Собарките во Хрватска имаат плати од 600 евра.
Во Германија се бараат луѓе за берба на салата од мај до ноември, за што се плаќа по 9.5 евра за час.
Дадилки во Швајцарија можат да заработат 600 франци со храна и обезбедено сместување.