Во предвечерието на празникот, Мицкоски беше во Крива Паланка, каде се чествува патронот на градот.
Пред да го посети прекрасниот манастир, Мицкоски оствари средба со младите од градот со кои разговараше на повеќе теми. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се сретна и со голем број на граѓани од Крива Паланка.
Претходно во текот на денов, Мицкоски беше во Берово каде имаше граѓански собир за прославата на Успение на Пресвета Богородица.
Од таму порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува програмата која што ќе биде презентирана пред граѓаните наскоро. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува сериозни решенија на сериозни егзистенцијални и реални проблеми на граѓаните.
-ВМРО-ДПМНЕ не ја базира програмата на гол наратив на популистички ветувања кои што се ветуваат и даваат пред изборните кампањи, а потоа се бега како „ѓавол од темјан“ за нивна реализација, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што стои на зборот и она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го стави и ќе биде дел од нејзината програма ќе го реализира. Промени се потребни во нашата држава, а Македонија ќе победи, порача тој.