Продолжува опустошувањето на Скопје, граѓаните се гневни поради сечата на дрвја која се случува во главниот град на Македонија во последниот период. Најнов случај со сеча имаме во општината Гази Баба.
Ваквата работа на градската и општинските власти во Скопје се причина за гнев кај граѓаните. Досега бевме сведоци на голема сеча на дрвја во општините Карпош и Чаир.
Според она што го говорат жителите на Железара, градоначалникот на Гази Баба има план да сече преку 20 дрвја, кои се стари повеќе од 40 години, а со цел да гради паркинг.
Токму поради тоа граѓаните решија денеска да излезат на протест и да го изразат својот револт за ова.