Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски мора да понесе одговорност. Ова што и се случува во полицијата е дно дна. Вакво свирепо убиство ретко се гледа дури и на филм. Да изрешетате човек и потоа да го запалите е неверојатно брутално злосторство кое покажува дека во МВР ништо не функционира, ова денеска го изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Не се води сметка ниту за психичката состојба на вработените, ниту пак се врши контрола или пак се санкционира незаконското постапување на полицијата. Со други зборови хаос и безредие на сите нивоа на министерството. Отворено прашуваме, зошто МВР не ги соопшти мотивите на бруталниот убиец? Дали мотивот се пари и изнуда? Дали истиот тоа го правел и претходно и му било редовна пракса? Како е можно МВР да нема макар оперативна информација или сомнеж за криминалот на својот вработен? Како тогаш граѓаните да очекуваат дека Спасовски е способен и има волја да собере информација и да се бори со било каков криминал кога не знае што му се случува внатре во министерството со кое што раководи и воедно го одобрува истото? Што се однесува до бруталноста на злосторството, МВР мора да одговори дали нивниот убиец ги минал задолжителните медицински прегледи? Кој го пуштил? Дали тоа биле неговите партиски колеги од министерството?, прашува Арсовски.
Тој вели дека тоа што се случува во МВР е срамно. Цената на хаосот ја плаќаат недолжни граѓани. Тие се чувствуваат исплашени, несигурни и се загрижени за својата безбедност и безбедноста на своите најблиски.
-Што уште треба да се случи за Спасовски да понесе одговорност? Треба ли да гледаме организирани банди од МВР или масовни убиства извршени од полицајци низ целата држава? Министре Спасовски, време е да си заминете. Да си заминете уште веднаш. Три години сте во министерството. Зад вас нема ниту една единствена реализација. Единствено што ве следат се скандалите. Нарушена е јавната безбедност, со СДСМ на власт на улиците царува криминалот, и мафијата на улиците, убиствата, грабежите и сите други останати видови на криминали кои станаа наше секојдневие, граѓаните се загрижени. Ова безредие и хаос мора да запре. Полицијата мора да повторно да биде во служба на граѓаните. СДСМ мора да си замине уште веднаш, истакна Арсовски.