Актуелно 20.09.2018 00:00

Мицкоски: Функционери на СДСМ ја палеа амбасадата на САД, не од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Функционери на СДСМ ја палеа амбасадата на САД, не од ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата на „Клик Плус“ на ТВ „21“ рече дека припадници на неговата партија никогаш не учествувале во насилни инциденти од типот на палења на амбасади, за разлика од функционерите на СДСМ.

-Ќе ви набројам високи функционери на СДСМ кои ја палеа амбасадата на САД, кажете еден од ВМРО-ДПМНЕ кој учествувал во вакво нешто, му одговори Мицкоски на аналитичарот Алберт Муслиу.