Брендон Бучард пораснал во сиромашно семејство во Монтана, а денес е најпродаван автор на Нујорк Тајмс. Погледнете ја инспиративната приказна како од мачни и тешки услови дошол на завидна позиција и што е навистина важно кога парите се во прашање, за кои зборува дека не се пресудни за живот и среќа.
Почнете од себе, не од вашата сметка во банка
Доколку сами не се вреднувате и вашата цена на пазарот на труд ќе биде ниска. Секогаш морате да почнете од себе, да сфатите дека имате многу да допринесете на светот и дека само треба да ја најдете својата прилика и место.
Прифатете одговорност
Ако сакате да се искачите на скалата погоре и да остварите финансиски успех сфатете дека се е во ваши раце, дека нема да освоите седмица на Лото и дека мора да работите на себе. Пронајдете кои се ваши предности, во што сте добри и што е она што го сакате. Нашиот живот е само наш и никој друг не ја крои нашата судбина.
Вредите толку што ќе мора да ве платат
Доколку сакате пари мора нешто да продадете за да го добиете за возврат. Продајте се себе, односно она во што сте најдобри. Доколку сметате дека ништо не е доволно вредно за некој тоа да го плати работете на себе и унапредете се додека не бидете толку добро да понудите своето знаење и стручност на пазарот.
Како што советува Брендон обидете се секој ден на работа да го направите она што се очекува од вас, гледајте широка слика. Со своето залагање свртете го вниманието на себе.
Работа и Живот
Важно е да знаете каде е местото на парите во вашиот живот. Некои луѓе толку се оптеретуваат со заработката што забораваат да живеат. Не дозволувајте си работата да го преземе вашиот живот и да работите само затоа што многу заработувате а всушност не сте среќни. Соберете храброст да направите промена и работете го она што навистина го сакате. Само тогаш навистина ќе бидете богати.
Вреднувајте го секој ден
Повеќето луѓе ги трошат своите денови и се чувствуваат сиромашно бидејќи содржината на нивниот ден е таква.
Читаат таблоиди и трачеви, пијат кафе … не работат ништо значајно што ги поместува напред и ги унапредува. Важно е да го почитувате секој ден.
Извор: https://faktor.mk/