Уште од античко време, медот е користен како дел од исхраната и медицината. Денес, медот е една од најздравите состојки кои треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.
Тој е особено корисен како замена за рафинираниот шеќер, но носи и многу други корисни состојки за нашето здравје, а и убавина.
Богат со антиоксиданти
Тој користи големо количество на висококвалитетни антиоксиданти. Тие вклучуваат органски киселини и флавоноиди. Научниците веруваат дека ваквата комбинација му дава огромна антиоксидантска моќ на медот. Тие се поврзани со намален ризик од срцев удар и одредени видови рак.
Добар за крвниот притисок и холестеролот
Многу истражувања покажуваат дека медот има моќ да го намали крвниот притисок. Со тоа, тој е важен фактор за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Освен тоа, медот е одличен борец против лошиот холестерол.
Ги намалува триглицеридите
Триглицеридите се уште еден фактор за срцев удар и други срцеви заболувања. Многу студии покажуваат дека медот има моќ да ги намали триглицеридите, особено доколку тој се користи како замена за шеќерот.
Заздравување на раните
Медот е одлична состојка за лечење на раните. Оваа навика ја користеле уште и старите Еѓипќани, а е присутна и денес. Медот е одличен за убоди, рани, инфекции и изгореници. Освен тоа, добар е и за лечење на одредени кожни заболувања, а се верува и дека ја спречува појавата на акни.
Ги спречува кашлиците
Медот е природен лек за спречување на кашлицата и намалување на ризикот од респираторни инфекции. Тој е особено корисен кај децата.