Живот 17.01.2019 10:45

Разбудете го дигестивниот систем: Секое утро пијте мед со вода

Разбудете го дигестивниот систем: Секое утро пијте мед со вода

Познато е дека медот е еден од најздравите производи во светот. Посебно се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со лошо варење на храната, односно со запек.

Секојдневното консумирање на медот е најдобриот начин целосно да ги искористите сите негови придобивки…

Потребни состојки:
  • 2 децилитри млака вода
  • 1 полна лажица мед
Начин на подготовка:
  • Добро измешајте ги водата и медот, почекајте тој целосно да се стопи и потоа испијте ја напивката.
  • Водата мора да биде млака, но никако врела, бидејќи високата температура ги уништува сите хранливи состојки во медот.

Како водата со мед делува на телото?

  • Го олеснува минувањето на храната во дигестивниот систем, односно од тенкото во дебелото црево.
  • Ги неутрализира гасовите што се произведуваат во дигестивниот систем.
  • Го смирува желудникот. Некои истражувања покажале дека помага при лечење чиреви на желудник и бактериски гастроентеритис.
  • Одличен е за детоксикација на организмот, односно помага да се исфрлат отровите.
  • Ако додадете сок од лимон, ќе стане ваш сојузник за слабеење.
  • Делува антибактериски. Сировиот мед е полн со ензими, витамини и минерали кои се борат против штетните бактерии.
  • Ги ублажува алергиите, така што му помага на телото да ја намали својата чувствителност на околината.
  • Го регулира нивото на шеќер во крвта.