Емануел Нјуд продал цел аеродром за дури 242 милиони долари кој воопшто не постои. Го продал аеродромот во Нигерија на банкарот Нелсон Сакагучи од Бразил во периодот од 1995. до 1998. година. Пред се, Нјуд бил во поволна позиција, затоа што бил директор на Union Bank во Нигерија и тоа му дало пристап кон некои врски, информации и документации што другите ги немале.
Тој го известил Сакагучи дека планира да гради аеродром во Абуџа и дека има шанси да заработи 10 милиони долари. Така се случила измамата.