Мозаик 04.10.2018 16:30

Хакерска група украла милиони преку упади во банки

Хакерска група украла милиони преку упади во банки

Американската компанија за компјутерска безбедност „ФајрАј“ соопшти дека идентификувала севернокорејска хакерска група, која од 2014 година, па досега, украла стотици милиони долари преку упади во компјутерски системи на банки ширум светот.

Компанијата посочува дека групата не е дел од структурите на севернокорејските власти кои се занимаваат со хакерски упади, но дека сепак постои извесна поврзаност меѓу неа и режимот во Пјонгјанг.

Групата е се уште активна и таа претставува глобална закана, се истакнува во денешното соопштение на „ФајрАј“.