Слаб земјотрес, со јачина од 2.8 степени по Рихтер, утрово ја потресе Западна Македонија.
Епицентарот бил на 7 километри од Охрид и на 3 километри од Косел, а потресот бил на длабочина од 10 километри.
Потресот е почувствуван нешто после 7 часот утринава.
Земјотреси денеска имало во Егејско Море, Турција, Франција, Сицилија.