Мозаик 05.10.2018 12:42

Балнсот на љубовта

Балнсот на љубовта

Не постои друг вид активност, друг вид потфат кои почнуваат со толку големи надежи и очекувања како љубовта, а кои редовно изневеруваат.

Повеќето луѓе проблемот на љубовта го сфаќат пред се како проблем на сакањето, односно на можностите да сакаш. Затоа за нив прашањето лежи во тоа како да бидеш сакан , како да бидеш вреден за некој да те сака. Мажите на тоа прашање си одговараат на следниот начин…

Треба да постигнам успех, моќ, богатство. Жените пак се трудат да бидат привлечни(најчесто на погрешниот начин несвесни како воопшто функционира машката психа) па си го негуваат своето тело, му посветуваат внимание на облекувањето…

Други начини кои ги преминуваат и мажите и жените се добрите манири, интересни разговори, во настојувањето да покажат полезност, скромност, добронамерност.

Впрочем за да се биде вреден за сакање тоа во нашата култура подразбира една комбинација помеѓу тоа да бидеш популарен и да бидеш сексипилен.

Најчесто имаме потреба да ги менуваме чуѓето и да ги моделираме според нашиот калап и постојано како да живееме во тоа очекување да еден ден ќе успееме некои работи на она што нас би ни одговарало и кога е вљубувањето во прашање тогаш нашата фантазија почне да проектира на другата личност совршенствата кои ги нема таму,резултатот е разочарување и му вртите грб на вашиот избор.

Неможете да му свртите грб на вашиот избор од минатото, тоа е ваш избор. Да зборувате лошо за човек со сте делеле се и сешто и болка и радост и со кој сте ги имале нај-интимните моменти и најсилните љубовни поврзувања откако потоа ќе се разделите тоа е како да зборувате лошо за самиот себе,тоа значи дека не се почитувате себеси,дека не се сакате себеси.

Зошто е тоа така?
Луѓето обично ги разбираме преку себеси, голема духовна вештина е да научите другите да ги разбирате преку нив, често имаме потреба да ги менуваме луѓето, да ги прилагодуваме на нашите внатрешни очекувања, а се е толку едноставно ако ги прифатиме такви какви што се.

Како што луѓето обично мислат дека болката и тагата треба да се избегнуваат во секоја ситуација така мислат и дека љубовта значи немање на каков и да е конфликт. Сите обиди на човекот ќе пропаднат(за љубов) доколку најактивно не ја развие својата целокупна личност.

Ако љубовта беше само чувство, не би требало да постои причина за ветување дека ќе сакаме засекогаш. Чуството се раѓа и може да умре.

А нас, нас ќе не убие ли гордоста? Доколку не ја научиме понизноста во љубовта да, тоа е практично нешто што докажува дека не треба да бидеме поголеми од животот

Земи го човекот како човек и неговиот однос кон светот како човечки однос, тогаш можеш љубовта само со љубов да ја замениш, доворебата со доверба итн..