Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии денеска одржа аукција на хартии од вредност со која повлече нови 3,5 милијарди денари односно околу 57 милиони евра иако претходно беше најавено дека ќе се задолжи за 3,3 милијарди денари.
Од Министерството за финансии и Владата се уште нема објаснување на што се должи зголеменото повлекување на средства во државната каса иако според календарот на податоци треба да се вратат 2,3 милијарди денари со што нето задолжувањето е зголемено за 1,2 милијарди денари односно речиси 20 милиони евра
Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.
Истовремено расте и јавниот долг. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 п.п. во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка.