Мозаик 17.10.2018 02:19

Данок од 100 евра годишно за сопствениците на кучиња

Данок од 100 евра годишно за сопствениците на кучиња

Сопствениците на кучиња во Хрватска би можеле од 1 јануари 2017 година да плаќаат државен данок од 100 евра за своите миленичиња.

Хрватските власти планираат да донесат Закон за заштита на животните, а токму таквата одредба е составен дел на тој предлог, пишува „Слободна Далмација“.

Јавната расправа за предлог-законот е завршена, а Министерството за земјоделство на Хрватска се уште ги составува одговорите на доставените коментари.

Ако државата се одлучи за воведување на таков данок, тој би можел да зафати околу 350.000 луѓе, колку што има регистрирани сопственици на кучиња.