Во скопската населба Лисиче, децата имаат услови за играње само во своите дворови или на улиците пред домовите. Ниту едно игралиште не им е на располагање, а она што е направено со минимални услови е неуспешна импровизација.
Некогаш ова место беше едно од најубавите игралишта во Скопје. Потоа се јави проблем со приватен сопственик и се остана така.
Најлоша е состојбата изминатава година, кога некогашниот „Пирин“, како што ги викаат жителите на Лисиче, стана депонија. Соочени дека тука нема да “никне“ ново игралиште, Лисичани само бараат основна грижа за местото, кое го нарекуваат извор на зарази.
Треви високи и до два метра, многу ѓубре, песок…. Погледнете како изгледа игралиштето во населба Лисиче:
На само 20 метри од оваа депонија, се поставени кош-табли и голови. Се ќе беше во ред, доколку ова не беше направено во екстремно лоши услови, а згора на тоа и во двор на амбуланта, веднаш со детска градинка. Ова што ќе го погледнете во продолжение е, верувале или не, единственото место на кое децата во населбата Лисиче можат да го поминат своето слободно време, да спортуваат и играат.