Државните ревизори утврдија многу нерегуларности покажа ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, објави Факултети.мк.
Ревизорите утврдиле дека универзитетски Совет не е основан, што е дел од законската регулатива. Според ревизорите Сенатот не е основан поради недоволен број на членови. Исто така тие утврдиле дека кај дел од набавките на стоки нее почитуван Законот за јавни набавки, а објектите кои ги користи Универзитетот се сеуште во постапка за легализација.Ревизорите во извештајот заклучиле дека со ваквата утврдена состојба е доведено во прашање постоењето на факултетот.
Државниот универзитет во Тетово е основан во 1994 година, а беше легализиран во 2004 година.