Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски денеска во Владата ќе потпишат протокол за побрз проток на стоки.
Целта на протоколот е уредување на постапките за побрз проток на жива стока, стока во свежа состојба, опасни материи, стока во Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС), како и на празни камиони на граничните премини Табановце и Богородица.
Според најавата, за придобивките од протоколот треба да зборува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.