Само неколку минути по полетувањето, утрината се урна индонезиски авион на компанијата ,,Лајон Ер“ и падна во морето.
Во авионот имало 189 патници , меѓу кои и членови на екипажот.
Индонезинската компанија соопшти дека авионот бил сосема нов и се упатил кон Пангкал Пинангу на остров кај Суматра, пренесува АП.
Околу 300 луѓе, војници, поицајци и локални рибари се вклучени во трагањето, но досега не е пронајдено ниту едно тело.