Продолжува петицијата против цинкара во Кавадарци, Советот на градот закажа вонредна седница за во вторник. Единствена точка на дневниот ред е разгледување на барањето од Министерството за животна средина и просторно планирање за изведување на проект “Нови линии за проширување на асортиманот на производи и линии за нови производи во општина Кавадарци”, согласно интересот на кавадаречки инвеститор.
-Ја покренавме оваа петиција против цинкара која се планира многу близу до градот. Се плашиме за сопственото здравје. Поддршка ни дадоа претставниците на двете најголеми политички партии преку одделни прес-конференции, а меѓу потпишаните на нашата петиција се и советници од Советот. Доколку не се стопира оваа работа, ќе преземеме и други мерки, рече за МИА Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво “Еко-живот”.
Кавадарчанецот Горан Сами вели дека на Кавадарци не му е потребна уште една загадувачка индустрија, бидејќи градот е на врвот по загадување во државата.