Продолжуваат проблемите со агресивните кучиња – скитници, групирани во глутници кои се почесто напаѓаат граѓани.
Граѓаните секојдневно говорат дека градот врие од кучиња, уште пострашно што се повеќе ги има на плоштадот во Скопје.
Додека граѓаните маки мачат со кучиња скитници, градските власти и натаму без системско решение за кучињата скитници. Граѓаните на Скопје се жалат дека кучињата напаѓаат и бараат градот да го реши овој долгогодишен проблем. Последен случај на напад беше летово, кога 67-годишен скопјанец на велосипед бил нападнат од глутница кучиња на плоштадот Македонија.
Но за жал овој проблем се проширува и низ цела држава, имено вчера се случи трагедија девојче околу 19 часот во близина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата. И девојчето починало.
Локалната и централната власт молчат и не преземаат мерки за безбедноста на граѓаните. Народот апелира до власта да го реши овој проблем бидејќи вака има и човечки жртви.