На шести ноември оваа година, во 05 часот и 45 минути, на магистралниот пат Подмолје-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, случена е сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот а пет други имаат телесни повредени, информираат од СВР Охрид.
Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот.
На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга.
Се преземаат мерки за идентификација на сега починатиот.