Тој објасни со какви квалификувани кадри се полнат општините.
-Пред да биде вработена во струмичката администрација, без помош од пратеник на владејачката партија, административката мајка со сесрдна помош на семејството успешно водела семејни бизниси, кои речиси сите се избришани заради – стечај. Во својот курикулум, доколку и е побаран и поднесен при аплицирањето по огласот на струмичката администрација, веројатно се запишани и семејните компании, па така во општината се запознаени со одговорите на прашањата: Дали новата административка е запишана Сопственичката и управителска улога во ФАНИ – ЕКСТРА ДООЕЛ увоз – извоз Струмица, фирма регистрирана за трговија со пијалоци, основана била во 2002 година, а е изгасната со бришење од трговски регистар на 26.09.2013 година? Избришана од Регистар, а останува прашањето зошто и поради кои причини?, прашува партискиот портпарол.
Стоилковски праша дали Фанче Костадинова, новата административка вработена без врски во струмичката администрација како дел од зафатот за европеизација и модернизација на администрацијата, се јавува и како косопственик со своите деца на ДОО ФАНИ ЛОГИСТИК Струмица, трговија на големо со пијалоци?
-Фирма за која е поведена стечајна постапка на 27.01.2017 година од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи Скопје, а субјектот е уште во постапка на бришење? Познато е дека стечајна постапка се поведува како последица на ненамирување на обврските спрема добавувачите, значи купување стока, а за неа не плаќале, до период додека не се презадожиле и не можеле редовно да се сервисираат долговите. Дали можеби во администрацијата имале сознанија за ДЕЛИКАТЕС ФАНИ ДООЕЛ Струмица, регистрирана на од страна на сопругот и татко на пратеникот Костадинов? Дали и зад бришењето од судски регистар по решение за стечајна постапка и за оваа фирма, стои ситуација во која не се намирувани обврски и фирмата е доведена во неликвидна и несолвентна состојба кон доверителите? Или дали новата административка има врска со фирмата ИНТЕР МЕТАЛ МЕТАН ДООЕЛ Струмица, повторно регистрирана од сопругот и татко Костадинов, за која што во 2017 година е поведена стечајна постапка и истата е избришана од Трговски регистар?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според законот за Стечај, во делот Услови за отворање на стечајна постапка стои дека,
(1) Стечај или реорганизација над стечајниот должник се спроведува кога стечајниот должник е неспособен за плаќање, односно му претстои идна неспособност за плаќање.
-Оттука по низа вакви фирми избришани од Регистарот, прашањето е дали тие намерно се воведувани во стечај? Или дали можеби станува збор на пример за намерно доведување на фирми во неликвидна состојба фирми за лична добивка? На крајот и посакуваме успех на општина Струмица на која постои можност да и претстои светла иднина со администрација која се пополнува со квалификувани административци, за чие идно делување во општината сведочат нивните богати професионални портфолија, нагласи Стоилковски.