Мозаик 13.11.2018 11:43

Кумството не се одбива

Кумството не се одбива

Добро позната поговорка дека “Кум не е копче”, се населила во нашите простори и денес многу често се користи. Кога велиме кум, првата асоцијација која им паѓа на ум е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве изневери, кој секогаш ќе биде тука за вас како дел од семејството и на кого ќе можете да се потпрете во секој момент.

Кумството спаѓа во духовно сродство и може да биде кум на крштевање, како духовен татко на детето, на пример, и кум на свадба, како сведок на две лица при стапување во брак.

За Србите, кумството претставува светост, па така кумовите се сметаат најблиски на семејството. Така кумот има посебно место на масата на секоја слава, на свадба е најважната личност и зазема посебно место во животот на едно семејство.

Уште една стара поговорка, која ја одбележува големината на овој однос е “Кумството не се одбива.” Голем број на луѓе се прашува зошто е тоа така и што ќе се случи ако дојдат во ситуација да го одбијат кумството.

Истражувајќи што може да се случи ако се одбие кумство, дојдовме до различни верувања кои се пренесуваат низ народот.

Едно од нив е дека ако одбиете да бидете кум на свадба, низ животот ќе ве следат несреќи и никогаш нема да ја пронајдете својата сродна душа, затоа што одбивте пред Бога и луѓето да сведочите за бракот на две лица.

Некои луѓе веруваат дека покрај несреќата во љубовта, одбивањето кумство носи и осаменост до крајот на животот, и дека човекот кој одбил кумство нема да има покрај себе вистински пријател. Друго народно верување е дека човек кој ќе го одбие кумството на крштевање на детето никогаш нема да има “пород”. Со други зборови, сам не ќе може да има деца и не ќе може да го прошири своето семејство, бидејќи не е подготвен да ја преземе голематаа духовна обврска.

Во потрага по некој друг одговор, му се обративме на верскиот аналитичар, Живица Туциќ, кој прво нѝ објасни кој би требало да биде кум и што тој би требало да претставува.

Кум е лице од доверба. Но, сега кумството е многу поинакво отколку што порано било. Старите кумства повеќе се одржувале и на некој начин биле посилни, а денес на овој чин повеќе се гледа низ материјална призма. Ниту свадба ниту крштевање не може да се направи без кум, затоа што тој е оној кој сведочи за овој настан.

Тој, исто така, наведе дека кумот при крштевање на детето се заколнува пред Бог дека ќе се грижи за тој мал живот, што би, како што вели, требало да значи дека тој ќе ја преземе целата одговорност и грижа за детето, ако нешто им се случи на родителите.

“Тоа е морална одговорност на кумот, за детето кое го крстил да води сметка. Ако нешто се случи, по христијанското правило, тој ќе стане старател на детето. Но, мислам дека по законот старателството им се доделува на поблиските роднини “, заклучува овој верски аналитичар.

Колку се точни традиционалните верувања и што ќе се случи ако кумството се одбие?

– “Јас не кумувам. Јас сум веќе кум, од пред триесет години, и после тоа никогаш повеќе не сум бил. Суеверијата, како несреќа, осаменост и слично не се вистинити. Особено затоа што луѓето понекогаш навистина немале можност да бидат кумови. Причините за тоа можат да бидат материјални, географски, лични … некој не може да прифати, на пример, поради болест.”

Живица рече дека во земјите како Унгарија, Романија и Германија често е случај кум да биде некој од роднините. На пример, тоа може да биде чичко, вујко, а неретко и брат.

Кумот е важен дел на секое семејство и самата традиција на нашиот народ и затоа советуваме да го изберете внимателно, а кога ќе го изберете, ценете го, сакајте го и почитувајте го како член на семејството.