Движењето Бојкотирам бара одговорност за незаконско прислушкување на институцијата Претседател на Р. Македонија од страна на УБК.
На нивната Фејсбук страница, пишува дека разрешувањето, односно оставката на судијката Анета Арнаудовска е поради тоа што открила службена тајна дека се прислушуваат Вилата Водно и Кабинетот на претседателот.
-Бараме одговорност за незаконско прислушкување на институцијата Претседател на Р. Македонија, велат од „Бојкотирам“ и додаваат:
„Судијката Анета Арнаудовска што објави Службена Тајна дека УБК ја прислушува Вила Водно и кабинетот на претседателот Иванов е разрешена. Туку прашањето е кој ќе сноси одговорност за незаконското прислушуваше на институцијата претседател на државата?!“.