Дел од доказите ги имаме веќе обезбедено, а добар дел уште чекаме да се соберат. Со 100% сигурност се уште немаме утврдено како побегнал Груевски. Ги побаравме снимките од граничните премини на Албанија, Црна Гора нормално дека се побарани снимките и од нашите гранични премини, посочи Вилма Русковска, Претседател на обвинителство за организиран криминал при гостување на емисија „Правда и неправда“ на 1ТВ. Русковска правдајќи се образложи дека не доцнат институциите, надлежните служби во Албанија и во Црна Гора имаа многу полесна задача.
Дека дошол престојувал таму дека на тој граничен премин влегол, на тој излегол. Тоа е многу поедноставно, многу помалку време бара за да се утврди тоа. Многу повеќе време треба да утврдиме кога, на кој начин, како и со која помош стигнал до Албанија. Сега се обезбедени снимките т.н Save city станува збор за камери кои што се по улиците од градот и тоа е многу обемен материјал и ќе треба извесен период да се изнанализира и да се извршат тие проверки. Не сметајќи ги снимките од гранични премини итн.