Актуелно 27.11.2018 23:55

Русковска два пати се демантираше себеси за сметките на Груевски

Русковска два пати се демантираше себеси за сметките на Груевски

Ние немаме добиено информација како Груевски ги испразнил сметките, затоа што случаите за него ги води и водеше СЈО. Така да ако некој добил информација тоа се тие, одговори Вилма Русковска која е претседател на Обвинителство за организиран криминал на прашањето на водителката на емисијата „Правда и неправда“.

Но минута по овој одговор таа се поправи и правдајќи се рече –  Ова го реков во смисол дека тие ги добиле информациите пред нас. Ние ги имаме сега информациите кога и на кој начин колку пари подигал. Тоа го имаме.

Зошто два пати се демантираше сама себеси во една минута, одговарајќи несигурно дали зад сето ова се крие уште нешто? Можеби веќе е време да се излезе пред јавноста и да ја кажат целата вистина.