Во две блок-трансакции во вкупна вредност од над пет милиони денари денеска на Македонската берза беа продадени 112 акции од „Фершпед“.
Во првата трансакција вредна 4,9 милиони денари се продадоа 90 акции по цена од 55.290 денари за акција.
Во втората трансакција вредна 1,2 милиони денари се продадоа 22 акции по цена од 57.230 денари за акција.