На годинешниот натпревар, на кој традиционално за награди конкурираат и по неколку илјади вина од 55 земји и светски познати вински региони, сребрени медали добија „Бела Вода (бело) 2017“ и „Темјаника класик 2017“.
Винарската визба „Тиквеш“ го повтори одличниот успех од минатите години, освојувајќи нови 15 награди за своите врвни вина на годинешниот меѓународен вински натпревар – International Wine Challenge (IWC), кој годинава по 35-ти пат се одржа во Лондон, В. Британија.
На годинешниот натпревар, на кој традиционално за награди конкурираат и по неколку илјади вина од 55 земји и светски познати вински региони, сребрени медали добија „Бела Вода (бело) 2017“ и „Темјаника класик 2017“.
Истовремено, бронзени медали освоија 11 вина на „Тиквеш“. Меѓу добитниците се четири црвени вина и тоа: „Барово“ од бербата 2015, „Александрија куве“ и вината „Вранец“ и „Плавец“ од серијата „Special Selection“ од бербата 2016-та, како и „Каберне Франк Special Selection“ од бербата 2017-та. Бронзен медал му е доделено и на розе виното „Александрија“ од берба 2016-та, како и на белото вино „Виоње Special Selection 2017“. Наградени се и четири вина на „Тиквеш“ кои се посебни купажи достапни само на британскиот пазар. На вината „Совињон Бланк Special Selection“ од бербата 2017-та и „Т’га за југ“ од бербата 2016-та, жирито на натпреварот им доделели специјално признание и препорака.
Со 15 наградени вина на еден од најмасовните и најугледните светски вински натпревари, „Тиквеш“ го потврди реномето на најтрофејна винарница од овој дел на светот и обезбеди уште еден доказ за квалитетот на вината од нашето поднебје