-Сакаа да си ја одбранат татковината. Знаеа што ги чека ако Зоран Заев ја формира новата Влада. Предвреме сведочеа за оваа пљачка, за ова омаловажување, за ова уништување парче по парче на нивната татковина. Затоа излегоа на улиците и затоа 80 денови маршираа по улиците, по плоштадите ширум Македонија. А сите оние уфрлени удбашки елементи кои сега ги гледаме како стаорци, даваат оваков-онаков исказ, со цел да нанесат штета и болка на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија и Македонците, треба да се истражат и да одговараат за тоа што го направиле. А овие чесни луѓе кои 80 дена маршираа, треба да им се даде почит и секој да им се поклони затоа што се чесни граѓани, порача Мицкоски.
Поврзани вести
Нема поврзани вести