На црниот пазар во земја каде што има хроничен недостиг на стоки од сите видови, особено се барани квалитетни пневматици.
Многу странски компании се повлекоа од Венецуела поради економската криза и американските санкции.
Претседателот Николас Мадуро ги обвини своите противници и САД дека водат „економска војна” против неговата администрација, потсетува Би-би-си.
„Гудјир” објави дека „донел тешка одлука да го запре производството на гуми” во Венецуела.