Во Европската Унија не постои консензус за воведување нови санкции кон Русија по нејзината интервенција во Азовското Море, изјави неименуван германски официјален претставник ден пред самитот на ЕУ во Брисел, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Москва се спротивстави на меѓународните повици за ослободување на трите украински бродови кои беа запленети минатиот месец кај теснецот Креч, меѓу Црното и Азовското Море.
Според официјална Москва, украинските бродови нелегално влегле во руски територијални води.
Во таа ситуација беа уапсени и 24 украински морнари.