Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а во крајните западни делови ќе има појава на слаби врнежи од дожд и снег, а на одредени места ќе има услови и за појава на замрзнат дожд, велат синоптичарите.
Попладне облачноста ќе се намалува, а по котлините ќе се задржи магливо во поголем дел од денот, во попладневните часови, како што информираат од УХМР ќе дува и слаб до умерен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и магливо, претпладне со услови за слаб снег или замрзнат дожд. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
Во следните неколку дена, односно за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура, но по одделни котлини и понатаму ќе има услови за појава на магла. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата.