Актуелно 22.12.2018 12:22

Бизнис заедницата бара брзи промени во Законот за градба

Бизнис заедницата бара брзи промени во Законот за градба

Бизнис заедницата побара од властите што побрзо да се донесат промени во Законите за урбанистичко планирање и во Законот за градење. Со тоа ќе се надмине еден голем проблем, а тоа е блокирање на веќе одобрени детални урбанистички планови. Од министерот за транспорт Горан Сугарески стопанските комори побараа во тендерите да се вметне клаузила со која ќе се бара од странските инвеститори што градат да набавуваат градежни материјали од земјава и да соработуваат со домашни подизведувачи.

„Да ги откочиме проблемите кои се настанати и да имаме успешна 2019 година. Затоа што 2018 е црна година за градежниот сектор“, рече Ивица Јаќимовски, ССК.

„Законот за урбанистичко планирање е во крајна фаза и влегување во владина процедура. Последните консултации ги правиме и потоа ќе влезе и во собраниска процедура“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.