Економија 27.12.2018 23:01

,,Доколку се грижеа за сиромашните, зошто не тргнаа со даночна стапка од 5% за најсиромашните“

,,Доколку се грижеа за сиромашните, зошто не тргнаа со даночна стапка од 5% за најсиромашните“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Сител телевизија, вели дека она најкатастрофалното промашување кој што го има Владата на СДСМ е нивната политика и ветувања за парите кај граѓаните.

-Ние гледаме дека не само што нема парите да завршат кај граѓаните туку од граѓаните ќе бидат земени назад во Буџетот за да можат да си врват тендерите во четири очи преку зголемените даноци и они тоа го правдаат детски со оној пристап Робин Худ, земаме од богатите и даваме кај сиромашните, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека ако е тој пристапот и ако одлучија да го напуштат рамниот данок, тогаш зошто не почнаа од 5 проценти.

-Еве од најмалите примања да ги оданочиме со 5 проценти, па да имаме втора категорија со 10 и овие кои што имаат повеќе од 90 илјади денари примања да бидат со 15 проценти. На тој начин ќе се обезбеди квалитативна пропорција помеѓу овие што имаат високи примања и оние што имаат приходи под просекот, под државниот просек од 24 илјади денари, потенцираше Христијан Мицкоски.

Најнови вести