Последниот викенд од 2018-та е најцрниот во Макдонија од почеток на годината.
Во петокот младо момче изгоре во пожар во сервис за мопеди позади Рамстор. Момчето на возраст од 25 години било заглавено и изгорело во пожарот.
Во 12:50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во сервис за моторцикли „Тјунинг“, експлодирала плинска боца, при што во моментот на експлозијата, А.Ј.(27) и М.Б.(33) и двајцата од Скопје, кои работеле на сервис на мотор, се здобиле со телесни повреди.
Со телесни повреди се здобил и сопственикот на сервисот С.П. (38) од Скопје.
Вработениот М.С.(25) од Скопје бил пронајден починат, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.
Понатаму, во Прилеп вчера се случи грозоморно убиство кога прилешчанец ја убил со нож партнерката пред очите на нејзиното десетгодишно детенце.
Од живот била лишена 33-годишна прилепчанка. Сторител е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот на возраст од 36 години со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. Настанот се случил во присуство на десет годишното дете на жртвата.
Во Ѓорче Петров, пак, се случи убиство. На момче му пукаа во главата. Неговото безживотно тело е пратено на обдукција.
Сопственик на кафеана во Кичево синоќа бил избоден до смрт во неговиот локал, пренесува „Независен“.
Се уште нема информации кој е убиецот, а неофицијално, сопственикот бил избоден до смрт со остар предмет, после кратка вербална расправија со напаѓачот.
Викендов го обележаа и голем број на сообраќајќи, со неколку повредени лица. Во една од несреќите имаше и човечка жртва.
На автопатот Гостивар-Тетово, кај Дебрешки надвозник, се случила сообраќајна незгода во која автобус со гостиварски регистерски таблици управуван од 50-годишниот А.А. од селото Долна Бањица – гостиварско, удрил во пешак.
Се работи за 52-годишниот И.Д. од селото Форино-гостиварско, кој од повредите на местото на настанот веднаш починал.