Турција го забрани рекламирањето на прехранбени производи, кои спаѓаат во категоријата „џанк фуд“, како и воведувањето промотивни подароци во слични продукти, како што се на пример чоколадните јајца со играчка, соопшти Министерството за трговија
Таквата мерка има за цел да ја ограничи навиката за нездрава исхрана на Турците. Согласно мерките, кои стапуваат во сила од јуни, производителите на таков вид прехранбени производи нема да можат да вклучуваат во пакетите никакви промотивни подароци и ќе им биде забрането да ги рекламираат своите продукти на телевизија и радио за време на детски емисии.
Популарните чоколадни јајца со играчка во внатрешноста нема да можат да се продаваат во Турција по 1 јуни 2019 година.
Слична информација за производите, кои се вбројуваат во „џанк фуд“ и ќе бидат предмет на забрана, е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство.
Рекламирањето на овие производи ќе се казнува парично меѓу 1.600 и 64.000 долари. При повторно прекршување, казната ќе се зголеми за десет пати.