Колку и да го сакате она што го работите, сигурно некогаш сте се нашле во тешка ситуација. Дури и ако сте многу добри во работата, таа може да ви стане рутинска и досадна или пак, можеби сакате да се докажете дека сте одлични на работното место за да имате повод да побарате покачување. Без разлика во каква ситуација се наоѓате, еве неколку мудри совети како да продолжите напред:
1. Работете различни задачи
Ако ви изгледа дека единственото нешто што се менува во текот на неделата е само денот, време е да поразговарате со претпоставениот да ви ги прошири работните задачи. Така, може да ви се зголеми и платата. Понудете им ја својата помош на некои колеги, па дури и на оние кои не се во вашиот оддел. Или, ако поседувате некоја способност која не е во описот на работното место, пробајте да ја откриете, завршувајќи некоја задача за која токму вие сте вешти. Луѓето ќе ја ценат вашата иницијатива да помогнете, а вие во исто време ќе се докажете уште повеќе.
2. Навреме препознајте го проблемот
Известете го претпоставениот или шефот веднаш штом ќе препознаете некој проблем кој е од витално значење за фирмата. Тогаш, претпоставените ќе увидат дека се грижите за фирмата, а воедно и за вашето работно место. Ако нешто не ви штима, слободно прашајте.
3. Поставувајте прашања
Кога веќе сте во канцеларија со шефот и тој ви поставува прашања за вашата работа, искористете го добро тој момент и поставете му и вие неколку прашања нему. Ова особено се однесува ако ви е доделена нова работна задача. Прашајте за се што не ви е јасно, како подобро би ја исполниле задачата.
4. Учете повеќе од колегите
Ако сакате да бидете повидливи на работното место, запрашајте се: кого овде најмногу го забележуваат? Што прави тој/таа на што и вие би можеле да се угледате? Откако ќе најдете некој колега на кого му се восхитувате поради неговото работење, дајте му до знаење дека сте расположени за соработка и отворени за помош доколку некогаш му е потребна за некоја задача или проект. Соработувајте со веќе докажани колеги и учете од нив.
5. Преминете на главното
Честопати ни се случува да претераме со зборување кога не прашале само едно прашање. Без оглед дали се работи за пренесување добри или лоши вести, бидете јасни и прецизни.
6. Вашата кариера треба да е во ваши раце
Ако сметате дека сте исполнителни во работата повеќе одошто е потребно, не двоумете се да разговарате со шефот за ваше унапредување во кариерата. Пред да го направите овој чекор, пожелно би било дополнително да се докажете, да извршите некоја екстра работна задача како шефот би бил уверен и би ве унапредил.
7. Внимавајте на вашето однесување
Однесувањето на вработените е број еден на листата на претпоставените. Ако сте отворени за нови предизвици, секоја работа ја примате со насмевка и со позитивен став, сите ќе сакаат да работат со вас. Доколку пак наидете на проблем, секако дека треба да го истакнете, да побарате мислење од претпоставениот и на крајот да дадете предлог за негово решавање.
8. Предочете ги сопствените достигнувања
Важно е шефот да биде известен за сите ваши постигнувања на работното место, но не претерувајте со тоа. Од време на време закажувајте состанок со шефот и известувајте го за сопствените постигнувања во однос на работата.