Се разбира, никогаш никој не ве предупредувал за тоа, бидејќи се подразбира дека физиолошките промени на исцрпувањето на јајниците доаѓаат со стареењето, а воедно и свеста за процесот на стареењето е парадоксална.
Колку долго може да го одложувате мајчинството ?
– Се разбира, никогаш никој не ве предупредувал за тоа, бидејќи се подразбира дека физиолошките промени на исцрпувањето на јајниците доаѓаат со стареењето, воедно и свеста за процесот на стареењето е парадоксално. Она што било “старо” за нашите баби, па дури и мајки, не е повеќе и за нас. Начинот и модалитетот на модерниот живот длабоко социјално и економски се променил, а со тоа и нашата свест за стареењето, начинот на живот и раѓањето. Не толку одамна, со влегувањето во 40 женската сексуалност се сметала за минато свршено време, а нејзините желби можеле да бидат изразени само со чувување на внуците.
Денес, жените со влегувањето во 40-та се на врвот на својата физичка, интелектуална и сексуална моќ, се разбира, многу од жените дури тогаш размислуваат за мајчинството. Сонот за детето го поддржува и холивудскиот “доцен” бејби бум, но … во сѐопштата поплава на еманципацијата на свеста на жената за нејзината економска моќ се премолчуваат фактите на кои мора да се предупреди. Под менопаузата се дефинира последното менструално крварење во животот на жената, а се смета дека околу 1 процент од жените влегуваат во предвремената менопауза или менопаузата praecox (настапува пред 40-тата).
Мора да се напомене дека, ако на пример процентот на женската популација е околу 2,300.000, околу 13 проценти од жените помеѓу 30-тата и 39 година влегува во предменопаузата. Тоа е период од животот кои ги карактеризираат помали и поголеми хормонски неправилности со последователни клинички карактеристики како што се намалена репродуктивна способност, отстапувања во времетраењето на менструалниот циклус, кој се манифестира или со продолжен или со скратен циклус, неправилно крварење, нарушување на неуроендокринолошка функција со можен манифестирачки замор, вазомоторни симптоми, нарушување на спиењето, депресија, чувство на неспособност да го регулираат своето тело, паѓање на либидото.
Со забавувањето на нашиот базален метаболизам на нашето тело му е потребно многу помалку енергетски внес, што секако доведува до зголемување на просечната тежина во просек 6-8 килограми во периодот од 2-5 години. Со промена на хормонскиот режим, како во половите хормони така и во тироидната жлезда, доаѓа до метаболички промени, односно успорување на енергетските потреби, а навиките за јадење остануваат исти. Сето ова е сè уште релативно прифатливо ако сте во доцните 40-ти или влегувате во 50 -тите години, бидејќи социјално и емоционално на тоа жените се сепак подготвени, но ако сте во доцните 20-ти или 30-ти, а се соочувате со горенаведените симптоми, за повеќето жени тоа претставува не само медицински туку и емоционално – социјален проблем ако не се реализирала репродукција. Со одложување на мајчинството би можеле да се најдете во ситуација да не можете да зачнете. Па бидете свесни за тоа, ако сакате да бидете мајка.