Актуелно 21.01.2019 18:43

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ протуркаа четири членови од предвидените седум кои што треба да вршат надзор врз Опеативно-техничката агенција

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ протуркаа четири членови од предвидените седум кои што треба да вршат надзор врз Опеативно-техничката агенција

Денес на Комисијата за изборите и именувањата каде се избираа членови на Советот за граѓански надзор на Опеативно-техничката агенција, владеачкото мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ протурка четири членови од предвидените седум кои што треба да вршат надзор врз оваа агенција, ова денеска преку соопштение го истакна пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, на огласот за пријавување за членови имаше 8 кандидати од кои тројца беа со непотполна документација и со самото тоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ како што е и логично бараа огласот да се поништи и да се распише нов. Иако на предходната седница сите пратенички групи, освен СДСМ беа согласни со овој предлог денес од страна на координаторот на ДУИ дојде предлог да се изврши парцијално гласање односно да бидат избрани само четири члена од предвидените седум, потенцира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците додаваат дека намерата на СДСМ и ДУИ беше јасна со оглед на тоа дека предложените кандидати се добро познати на јавноста како учесници во шарената револуција и таканаречени експерти кои работат за интересите на СДСМ.

-Сакаме да дадеме до знаење на јавноста дека со изборот на овие четири членови на Советот, тој уште непочнат со работа го сметаме како крајно партиски, а не граѓански како што впрочем треба да биде. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на Комисијата за изборите и именувањата гласаа против овој штетен избор на членови и сакаме да дадеме до знаење дека владеачкото мнозинство го партизираше и овој Совет кој што треба да извршува една сериозна функција како што е надзор врз ОТА, стои во соопштението на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.