Алармантното загадување изминатите денови го зема данокот. На одделот за кардиологија во ГОБ 8ми семтември нема слободно место а преполно е и на пулмолошкото одделение. Отежнато дишење, болки во градите и неправилна работа на срцето се најчестите симтоми на кои се жалат пациентите. Иако не треба да се мешаат болните, поради зголемениот обем на работа кардиолозите се принудени да сместуваат и пациенти со респираторни заболувања, пренесува Сител.
– Дежурните служби имаат многу работа. Знаете како е тие што имаат белодорбно заоблување потоа тоа доведува и до проблеми со срцето а капак на се тоа е аерозагадувањето. Иако не треба, сепак, поради исполнетиот капацитет на Пулмологија примаме и такви пациенти на кардиологија, вели др. Антонио Антовски, раководител на одделот за кардиологија во ГОБ 8-ми септември
За доктор Антовски нема голема заштита од сегашните препораки, ризичните групи да не движат на отворено кога е најзагадено. Вели дека опасните ПМ честички предизвикуваат долгорочни здравствени последици.
– Тие прават структурни проблеми, навлегуваат во крвните садови и не само за хронично болните, туку и за младата и здрава популација, вели Атновски.
Не само во 8-ми сепптеври, деновиве зголемен број на пациенти има во речиси сите болници и клиники кои ги третираат последиците од аерозагадувањето.
– Освен хронично болните загадениот воздух е опасен и за децата до 5 годишна возраст поради намалениот имунитет. Според податоците од Институтот за јавно здравје има зголемување на респираторните инфекции кај младите а голем број од нив со бронхити и пневмонии завршуваат во болницата во Козле.
Минатата недела во ИЈЗ биле евиднетирани над 20 000 заболени со инфекции на горни и долни репираторни патишта што е дури за трипати повеќе од неделата пред тоа кога имало околу 9000 случаи. Зголемен број на повици има и во Брза Помош.