Според истражување на кое испитаниците биле само мажи, ова се комбинациите кои ги прават жените неодоливи.
Мал црн фустан
Тоа девојките најдобро го знаат. Не е важно дали е во прашање излегување или некој свечен настан. Во секој случај, изгледаат неодоливо.
Високи потпетици
Секоја девојка знае дека високите потпетици се задолжителен завршеток на соодветениот аутфит, но и дека ги издолжуваат нозете и даваат доза на елеганција.
Нешто црвено
Црвената боја знае да биде и неблагодарна, бидејќи не секому му прилега секогаш. Меѓутоа потемна црвена кога е облеката во прашање или црвен кармин, малку ќе ја разбијат монотонијата.
Голи раменици и гол грб
Голи раменици и грб се апсолутно секогаш „ИН“.
Кожна јакна
Со црна кожна јакна, никогаш не можете да згрешите, ама баш никогаш.
Чипка
Тешко е да се пронајде романтичен фустан кој има чипка, а притоа да не биде кич. Многу е важно да внимавате кога бирате ваков вид на фустан, за да изгледате елегантно и секси.
Фармерки и бела маица
Се што ви е потребно е добар пар на фармерки и најобична бела маичка. Оваа комбинација најмногу ја сакаат мажите.
Спортска облека
Но сепак, истражувањето покажало дека мажите ги сметаат жените за најпривлечни во комбинација кој е за во теретана.